Билатерална соработка

Билатерална соработка со Националниот безбедносен авторитет на Република Албанија

Тирана, 22 ноември 2019 година

 

PictureВо рамките на иницијативата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за подобрување на билатералната соработка и размена на искуства со земјите од регионот со кои Република Северна Македонија има склучено спогодби за размена и заемна заштита на класифицираните информации, во периодот од 21-22 ноември 2019 година, тричлена делегација од Дирекцијата престојуваше во Тирана, Република Албанија во посета на нивниот Национален безбедносен авторитет.

Договор со Црна Гора

Подгорица, 24 мај 2019 година

 

На 24 мај 2019 година во Подгорица, во рамките на првата заедничка седница на Владата на Црна Гора и Владата на Република Северна Македонија, беше потпишан Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Црна Гора за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
Договорот го потпишаа министрите за одбрана на владите на двете страни, Радмила Шеќеринска Јанковска и Предраг Бошковиќ.

Билатерални преговори со Црна Гора

Подгорица, 24 декември 2018 година

 

По покана на директорот на Дирекцијата за заштита на тајни податоци на Црна Гора, на 24 декември 2018 година во Подгорица беа реализирани билатерални преговори за усогласување на текстот на договорот за размена и заемна заштита на класифицирани меѓу владите на двете земји. Македонската четиричлена делегација, предводена од директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, беше составена од претставници на Дирекцијата, на Министерството за надворешни работи и на Министерството за внатрешни работи. Црногорската делегација којашто беше составена од претставници на Дирекцијата за заштита на тајни податоци, ја предводеше директорот на Дирекцијата.

Билатерални разговори со НСА на Хрватска

Скопје, 08 ноември 2018 година

 

По покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на 08 ноември 2018 година во просториите на Дирекцијата се одржа состанок на директорско ниво со претставници на Канцеларијата на Советот за национална безбедност на Република Хрватска.

Билатерални разговори со НСА на Црна Гора

Скопје, 25 септември 2018 година

 

По покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на 25 септември 2018 година во просториите на ДБКИ се одржа состанок на директорско ниво со претставници на Дирекцијата за заштита на тајни податоци на Црна Гора.
На состанокот на којшто беа дискутирани повеќе прашања од заемен интерес за националните безбедносни авторитети на двете земји, акцент беше ставен на искуствата на Црна Гора во периодот на подготовките за пристапување кон НАТО.

Спогодба со Големото Војводство Луксембург

Скопје, 6 септември 2018 година

 

На 06 септември 2018 година во Скопје беше потпишана Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
Спогодбата ја потпишаа министрите за надворешни работи на владите на двете страни, Никола Димитров и Жан Аселборн.

Средба со директорот на Програмата наука за мир и безбедност

Брисел, 4 јули 2018 година

 

PictureНа 4 јули 2018 година во новото седиште на НАТО во Брисел, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со директорот на Програмата наука за мир и безбедност (SPS - Science for Peace and Security), д-р Дениз Бетен. На средбата беше разговарано за тековните активности и предизвици на Дирекцијата во однос на исполнувањето на стандардите на НАТО заради целосна подготвеност на Република Македонија за добивање статус на полноправна членка на НАТО. Исто така, беше разгледана можноста за поддршка и помош од страна на SPS програмата за надминување на најновите предизвици во делот на сајбер безбедноста. За таа цел во наредниот период е договорена советодавна мисија од страна на НАТО тимот во Скопје, при што ќе се утврдат приоритетите и безбедносните мерки што ќе треба да се подобрат или исполнат.

Средба со директорот за сигурност и безбедност на Советот на Европската Унија

Брисел, 3 јули 2018 година

 

PictureНа 3 јули 2018 година во Советот на Европската Унија во Брисел, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со директорот на Директоратот за сигурност и безбедност, г-дин Морган Францис. На средбата беше разговорано за тековните активности на Дирекцијата и беа разменети мислења за зголемување на соработката помеѓу двете служби. Исто така, во однос на доделувањето на Република Македонија на датум за преговори за пристапување кон Европската Унија, беше разговарано и за безбедносните аранжмани помеѓу Европската Унија и Република Македонија склучени во 2005 година, во однос на нивно можно подобрување.

Спогодба со Австрија

Виена, 26 јуни 2018 година

 

На 26 јуни 2018 година во Виена, Австрија, беше потпишана Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Австриската Сојузна Влада за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
Во име на Владата на Република Македонија Спогодбата ја потпиша претседателот на Владата, г. Зоран Заев.

Потпишан Меморандум за соработка со Комората за приватно обезбедување

Скопје, 13 јуни 2018 година

 

PictureДиректорот Дирекција за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, потпишa меморандум за соработка со претседателката на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, м-р Верица Милеска Стефановска. По повод воспоставување на соработката, во оваа прилика претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации одржаа стручни предавања на тема: „Безбедносни проверки за правни и физички лица“ и „Физичка безбедност на објекти наменети за заштита на класифицираните информации“ кои ќе претставуваат значајни аспекти од областа на безбедност на класифицирани податоци поврзани со работењето на приватното обезбедување.

Syndicate content