Останато
Насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник
Скопје, 20 април 2021 година
Безбедносниот прашалник, уреден со Правилникот за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.123/20) е образец што се пополнува од страна на лицето кандидат кој има потреба да поседува безбедносен сертификат (национален, НАТО или ЕУ) во зависност од степенот на класифицираните информации (ДОВЕРЛИВО, СТРОГО ДОВЕРЛИВО или ДРЖАВНА ТАЈНА) до кои тоа лице има потреба за пристап согласно принципот „потребно е да знае“. Безбедносниот прашалник се пополнува електронски, лично од страна на кандидатот, на македонски јазик со кирилско писмо. Насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник Во продолжение може да ги најдете безбедносните прашалници: Безбедносен прашалник (Се пополнува електронски) Безбедносен прашалник на англиски јазик (Се пополнува електронски) За соодветно пополнување на безбеносните прашалници препорачуваме употреба на:
Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 22 јуни 2020 година
Согласно член 69 став 2 алинеја 10 од Законот за класифицирани информации(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е надлежна за организирање и спроведување обуки за безбедност на класифицирани информации. Следејќи ги искуствата на националните безбедносни авторитети на други држави членки на НАТО и современите текови во областа на едукацијата и развојот на информатичката технологија, Дирекцијата воведе електронски систем за обука за Законот за класифицирани информации(*). До електронскиот систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации можете да пристапите преку следниов линк: Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации [ЕСО на ДБКИ]
Деветнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 06 март 2023 година
Дирекцијата рангирана како институција со високо ниво на транспарентност
Извештај за транспарентност на АЗПСПИЈ од 2022 година
Согласно извештајот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер од 2022 година за транспарентноста на државните институции во Република Северна Македонија, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е рангирана како институција со високо ниво на транспарентност. Високиот скор од 43 бодови (шест бодови повеќе од 2021 година) на скалата на транспарентност е резултат на посветеноста и отвореноста на Дирекцијата да овозможи слободен пристап до информациите од јавен карактер коишто ги создала и/или со коишто располага. Ваквиот висок резултат претставува дополнителен поттик за Дирекцијата да продолжи со зголемувањето на транспарентноста и отвореноста кон јавноста.
Осумнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2022 година
На 05.03.2022 година, на пригоден настан, беше одбележана осумнаесетгодишнината од формирањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Притоа беа сумирани остварените резултати од работењето во изминатата година и беа најавени идни активности насочени кон зајакнување на позицијата на Дирекцијата во рамките на безбедносниот сектор во државата. По повод годишнината, на вработен административен службеник со редоследно најдолгогодишен работен стаж во Дирекцијата во моментот на одбележување на годишнината, како признание за дадениот придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на резултатите на работењето на Дирекцијата, му беше доделена пригодна плакета.
Интерен оглас 01/2021
Скопје, 23 јули 2021 година
Дирекција за безбедност на класифицирани информации - Оглас 01/2021
Седумнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2021 година
На 05.03.2021 година, на пригоден настан, со примена на пропишаните мерки за заштита и превенција на ширење на COVID-19 вирусот, беше одбележана седумнаесетгодишнината од формирањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Притоа беа сумирани остварените резултати од работењето во изминатата година и беше потврдена определбата на Дирекцијата и во иднина да биде главен стожер во заштитата на класифицирани информации и активно да учествува во одржувањето и унапредувањето на безбедноста на државата. По тој повод, на вработен административен службеник со редоследно најдолгогодишен работен стаж во Дирекцијата во моментот на одбележување на годишнината, како признание за дадениот придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на резултатите на работењето на Дирекцијата, му беше доделена пригодна плакета.
Шеснаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2020 година
Акција против аерозагадувањето и заштита на животната средина
Скопје, 05 Април 2019 година
Според насоките на Владата на Република Северна Македонија за спроведување акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на 4 и на 5 април 2019 година, во соработка со Касарната „Гоце Делчев“, односно со помош на војници од редовите на Армијата на Република Северна Македонија, изведе акција за расчистување на зелените површини и засадување тревни растенија и дрвја во кругот на објектите на Дирекцијата.
Состанок со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО
Скопје, 11 февруари 2019 година
По покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, г. Стојан Славески, на 11.02.2019 година, во Дирекцијата се одржа средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ. |