Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 22 јуни 2020 година

 

Согласно член 69 став 2 алинеја 10 од Законот за класифицирани информации(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е надлежна за организирање и спроведување обуки за безбедност на класифицирани информации. Следејќи ги искуствата на националните безбедносни авторитети на други држави членки на НАТО и современите текови во областа на едукацијата и развојот на информатичката технологија, Дирекцијата воведе електронски систем за обука за Законот за класифицирани информации(*).

До електронскиот систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации можете да пристапите преку следниов линк:


Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани инфомрации [ЕСО на ДБКИ]