Безбедносни сертификати


Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ве известува дека врз основа на Законот за класифицирани информации(*) („Сл.весник на Република Северна Македонија“ бр.275/19) донесен е нов Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати („Сл. весник на Република Северна Македонија“ бр.123/20).

Со правилникот усвоена е формата и содржината на новиот безбедносен прашалник кој почнувајќи од 20.05.2020 година е единствениот безбедносен прашалник кој барателите на безбедносен сертификат треба да го пополнат. Новиот безбедносен прашалник може да го најдете на нашата веб страница www.dbki.gov.mk.

Врз основа на наведеното, во иднина барањата за издавање на безбедносен сертификат до Дирекцијата треба да се доставуваат поединечно за секој барател одделно заедно со пополнетиот нов безбедносен прашалник и копија од документ за идентификација (лична карта или патна исправа) во прилог.

Барањето за издавање на безбедносниот сертификат потребно е да биде означено со ознаката „ЗА ОГРАНИЧЕНА УПОТРЕБА“. На веб страницата на Дирекцијата може да го најдете и преземете шаблонот за подготовка на барањето за издавање на безбедносен сертификат.

Напоменуваме дека при пополнувањето на безбедносниот прашалник потребно е да дадете одговор на сите прашања и да ја потпишете изјавата на крајот од прашалникот. Доколку за некои прашања немате одговор наведете: /, НЕ, немам, неприменливо и сл. При одговарањето на прашањата имајте на ум дека вашите одговори се потврдуваат и се разгледуваат заедно со информациите добиени во текот на безбедносната проверка.

Во случаите кога е потребно издавање на НАТО безбедносен сертификат потребно е да се пополни и достави и англиската верзија на безбедносниот прашалник.


Барање за издавање на БС


Барање за издавање на БС


Безбедносен прашалник


Безбедносен прашалник на англиски јазик


Изјава за брифирање