Нова Уредба за административна безбедност на класифицирани информации и на информации за ограничена употреба(*)
Скопје, 2 октомври 2023 година
На 29 септември 2023 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 204/2023 беше објавена новата Уредба за административна безбедност на класифицирани информации и на информации за ограничена употреба (*). Уредбата може да ја преземете на следниот линк:
Нова Уредба за безбедност на лица-корисници на класифицирани информации(*)
Скопје, 19 jули 2022 година
На 11 јули 2022 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 157/2022 беше објавена новата Уредба за безбедност на лица-корисници на класифицирани информации(*). Уредбата може да ја преземете на следниот линк: Уредба за безбедност на лица-корисници на класифицирани информации(*)
Насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник
Скопје, 20 април 2021 година
Безбедносниот прашалник, уреден со Правилникот за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.123/20) е образец што се пополнува од страна на лицето кандидат кој има потреба да поседува безбедносен сертификат (национален, НАТО или ЕУ) во зависност од степенот на класифицираните информации (ДОВЕРЛИВО, СТРОГО ДОВЕРЛИВО или ДРЖАВНА ТАЈНА) до кои тоа лице има потреба за пристап согласно принципот „потребно е да знае“. Безбедносниот прашалник се пополнува електронски, лично од страна на кандидатот, на македонски јазик со кирилско писмо. Насоки за начинот на пополнување на безбедносниот прашалник Во продолжение може да ги најдете безбедносните прашалници: Безбедносен прашалник (Се пополнува електронски) Безбедносен прашалник на англиски јазик (Се пополнува електронски) За соодветно пополнување на безбеносните прашалници препорачуваме употреба на:
Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 22 јуни 2020 година
Согласно член 69 став 2 алинеја 10 од Законот за класифицирани информации(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е надлежна за организирање и спроведување обуки за безбедност на класифицирани информации. Следејќи ги искуствата на националните безбедносни авторитети на други држави членки на НАТО и современите текови во областа на едукацијата и развојот на информатичката технологија, Дирекцијата воведе електронски систем за обука за Законот за класифицирани информации(*). До електронскиот систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации можете да пристапите преку следниов линк: Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации [ЕСО на ДБКИ]
Годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG)
20 години Дирекција за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2024 година
Реализација на првата фаза од иницијативата за билатерална техничка помош од Република Словенија
Скопје, 26-28 февруари 2024 година
Годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG)
Тринаесетта конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)
Охрид, 28 август 2023 година
Листа за проверка при редовен инспекциски надзор
|