Билатерални преговори со Црна ГораПодгорица, 24 декември 2018 година
По покана на директорот на Дирекцијата за заштита на тајни податоци на Црна Гора, на 24 декември 2018 година во Подгорица беа реализирани билатерални преговори за усогласување на текстот на договорот за размена и заемна заштита на класифицирани меѓу владите на двете земји. Македонската четиричлена делегација, предводена од директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, беше составена од претставници на Дирекцијата, на Министерството за надворешни работи и на Министерството за внатрешни работи. Црногорската делегација којашто беше составена од претставници на Дирекцијата за заштита на тајни податоци, ја предводеше директорот на Дирекцијата. |