Билатерална соработка со Националниот безбедносен авторитет на Република Албанија

Тирана, 22 ноември 2019 година

 

PictureВо рамките на иницијативата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за подобрување на билатералната соработка и размена на искуства со земјите од регионот со кои Република Северна Македонија има склучено спогодби за размена и заемна заштита на класифицираните информации, во периодот од 21-22 ноември 2019 година, тричлена делегација од Дирекцијата престојуваше во Тирана, Република Албанија во посета на нивниот Национален безбедносен авторитет. Целта на посетата беше да се разменат искуства и добри практики во однос на извршувањето на безбедносните проверки со цел издавање на безбедносни сертификати, постапките за жалби, како и запознавање на претставниците на Дирекцијата со целокупниот процес на спроведување на ветинг за судиите и јавните обвинители во Република Албанија.