Работна средба со претставници на Националниот безбедносен авторитет на Република Албанија

Скопје, 6-7 декември 2021 година

 

PictureПо покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации тричлена делегација на Националниот безбедносен авторитет на Република Албанија ја посети Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во периодот од 06 до 07. 12. 2021 година.

На состанокот беа дискутирани повеќе прашања од заемен интерес за двете иснституции. Притоа, акцентот беше ставен на динамиката на имплементација на потпишаниот билатерален договор како и на соработката во областа на безбедност на лица - корисници на класифицирани информации, индустриската и информатичката безбедност на класифицирани информации. Воедно, беа разменети компаративни искуства и за постојната правна регулатива во двете земји од областа на класифицираните информации.

Работната средба на директорско ниво е дел од активностите на Дирекцијата за одржување и дополнително развивање на билатералната соработка со партнерските институции од регионот.