Четврта конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)Сараево, 19-21 мај 2014 година
Во периодот од 19-21 мај 2014 година во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа Четвртата конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA). На конференцијата учествуваа делегации на националните безбедносни авторитети од Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Косово, Република Македонија, Република Молдавија, Република Словенија, Република Србија и Република Црна Гора, како и заменикот директор на Канцеларијата за безбедност на НАТО (NOS), г. Џузепе Бенаси. |