Notice: Trying to get property of non-object in /home/direkcija/public_html/modules/locale/locale.module on line 175
 Дирекција за безбедност на класифицирани информации
warning: preg_split(): No ending delimiter ',' found in /home/direkcija/public_html/sites/all/modules/localizer/localizer.module on line 1260.
Четиринесетти состанок на директорите на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)

Софија, 17 октомври 2024 година

 

Во организација на Државната комисија за согурноста по информациите на Република Бугарија (Национален безбедносен авторитет на Република Бугарија), со поддршка на Регионалниот совет за соработка (РСС), на 17 октомври 2024 година во Софија се одржа 14-тиот состанок на директорите на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA). На состанокот учествуваа претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Молдавија, Северна Македонија, Словенија и Црна Гора, како и претставници на РСС.

 

Акцентот на состанокот беше ставен на тековните активности на националните безбедносни авторитети на земјите учеснички, како и на нивните планови за натамошно успешно справување со постојните предизвици во секојдневната работата. Предмет на дискусија беа и облиците на соработка меѓу националните безбедносни авторитети и иднината на SEENSA иницијативата во насока на зајакнување на регионалната соработка на полето на заштитата на класифицираните информации.

Годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG)


Тирана, 15-19 септември 2024 година

Во периодот од 15-19 септември 2024 година, претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на 38-тата годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG) што се одржа во Тирана, Република Албанија. На пленарната конференција, покрај делегатите на 38-те членки, вклучувајќи го и Сингапур кој за прв пат учествуваше на MISWG во улога на членка по формалното пристапување во февруари оваа година, учествуваа и делегати на меѓународните организации коишто имаат улога на набљудувачи на MISWG. На покана на домаќинот, на пленарната конференција учествуваше и Косовo во улога на гостин.

20 години Дирекција за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 05 март 2024 година

 

Picture
На 05.03.2024 година, на пригоден настан, беше одбележана 20-годишнината од основањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. По повод овој значаен јубилеј, на надворешни соработници и вработени административни службеници во Дирекцијата, како признание за соработката и дадениот придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на целите и задачите на Дирекцијата, им беа доделени благодарници и пригодни плакети.

Реализација на првата фаза од иницијативата за билатерална техничка помош од Република Словенија

Скопје, 26-28 февруари 2024 година


Во рамките на иницијативата за билатерална техничка помош од Министерството за надворешни работи на Република Словенија за реализација на проект на тема „Зајакнување на отпорноста на системот за заштита на класифицирани информации со нагласок на ублажување на ризиците во судските органи“, во периодот од 26 до 28 февруари 2024 година во Скопје престојуваше делегација на Владината канцеларија за заштита на класифицирани информации на Република Словенија. Со тоа беше реализирана првата фаза од проектот на којашто беа дискутирани повеќе прашања од доменот на заштитата на класифицираните информации.

Годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG)


Цирих, 11-15 септември 2023 година

Во периодот од 11-15 септември 2023 година, претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на 37-тата годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG) што се одржа во Цирих, Швајцарија. На конференцијата присуствуваа претставници на националните безбедносни авторитети на триесет и седум земји и претставници на НАТО, на Европската Комисија, на Европската вселенска агенција (ESA), на Европската одбранбена агенција (EDA) и на Организацијата за заедничка соработка во вооружувањето (OCCAR). На конференцијата учествуваше и делегација на Сингапур во улога на аспирант за членство во MISWG.

Фокусот на конференцијата беше ставен на реализираните активности во рамките на форумот, на размената на искуствата и знаењата меѓу учесниците во однос на примената на стандардите и развојните процеси од областа на индустриската безбедност, како и на следните чекори што ќе бидат преземени во насока на унапредување на меѓусебната соработка и зајакнување на форумот.

Тринаесетта конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)

Охрид, 28 август 2023 година

 

Деветнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 06 март 2023 година

 

Picture
На 06.03.2023 година, на пригоден настан, беше одбележана деветнаесетгодишнината од формирањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. По повод годишнината, на вработен административен службеник во Дирекцијата, како признание за дадениот придонес во градењето на капацитетите и остварувањето на резултати во работењето на Дирекцијата, му беше доделена пригодна плакета.

Дирекцијата рангирана како институција со високо ниво на транспарентност

Извештај за транспарентност на АЗПСПИЈ од 2022 година

 

Согласно извештајот на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер од 2022 година за транспарентноста на државните институции во Република Северна Македонија, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е рангирана како институција со високо ниво на транспарентност. Високиот скор од 43 бодови (шест бодови повеќе од 2021 година) на скалата на транспарентност е резултат на посветеноста и отвореноста на Дирекцијата да овозможи слободен пристап до информациите од јавен карактер коишто ги создала и/или со коишто располага. Ваквиот висок резултат претставува дополнителен поттик за Дирекцијата да продолжи со зголемувањето на транспарентноста и отвореноста кон јавноста.

Syndicate content