Охридски безбедносен форум
Охрид, 26-29 август 2022 година
Во периодот помеѓу 26 и 29 август 2022 година, се одржа јубилејниот 10-ти по ред Охридски безбедносен форум на којшто учествуваа и претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Форумот го организираше Алумни-асоцијацијата на Центарот „Џорџ Маршал“ од Република Северна Македонија со поддршка на Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“и Одделот за јавна дипломатија на НАТО.
Целта на Форумот беше размена на искуства, добри практики и гледишта за глобалните и регионални безбедносни предизвици со коишто се соочува регионот на ЈИЕ како и изнаоѓање модели на соработка помеѓу алумнистите од регионот со коишто активно ќе се дејствува против транснационалните, терористички, асиметрични, државно-спонзорирани и информациски закани.
Работна посета на Босна и Херцеговина
Сараево, 12-13 април 2022 година
За време на престојот во Сараево беше остварена средба и со раководителот на политичкиот оддел на Регионалниот совет за соработка (RCC), со кого беше извршена координација во однос на организацијата на годишната SEENSA конференција што ќе се одржи во септември 2022 година во Скопје, во рамки на овогодинешното претседаваштво на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со иницијативата SEENSA.
Осумнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2022 година
Договор со Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации
Скопје, 21 декември 2021 година На 21 декември 2021 година во Скопје беше потпишан Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации. Во име на Владата на Република Северна Македонија Договорот го потпиша министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во име на Владата на Соединетите Американски Држави, Договорот го потпиша амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнз. Со овој договор се регулира начинот на размената на класифицирани информации во областите на надворешните работи, одбраната, безбедноста, владеење на правото, науката, индустријата и технологијата, при што се утврдуваат потребните мерки и процедури за нивна заштита.
Посета на Република Словенија
Љубљана, 27 октомври 2021 година
За време на престојот во Љубљана беше реализирана посета и на Центарот за европски перспективи на Република Словенија. На средбата со извршниот директор на Центарот, г-ѓа Катја Гершак, беше разговарано за важноста на активностите насочени кон справувањето со ширењето дезинформации од надвор.
Интерен оглас 01/2021
Скопје, 23 јули 2021 година
Дирекција за безбедност на класифицирани информации - Оглас 01/2021
Коментар на Законот за класифицирани информации
Скопје, 07 јули 2021 година
Организирана во рамките на „Програмата за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија 2021-2026 година“ на ДЦАФ, конференцијата имаше за цел да го промовира Коментарот на Законот за класифицирани информации и да ги претстави новитетите во регулативата за заштита на класифицирани информации. Воедно, беа разменети мислења за потребата од подигање на безбедносната свест кај корисниците на класифицирани информации и беше промовиран Е-туториалот за класифицирани информации за реализација на таа цел.
Седумнаесетгодишнина на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации
Скопје, 05 март 2021 година
Договор со Република Грција за заемна заштита на разменетите класифицирани информации
Скопје, 26 февруари 2021 година
Постапување на вработените во случај на пожар и ракување со ПП апарати
Скопје, 23 септември 2020 година
Во согласност со постојната законската регулатива како и во рамките на програмата на Владата на Република Северна Македонија за одржување редовни обуки за вработените во државните органи за безбедност при работа, на ден 21.09.2020 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации беше реализирана обука за ,,Постапување на вработените во случај на пожар и ракување со ПП апарати” . Целта на обуката беше да се воведат мерки кои ќе поттикнат подобрување на безбедноста и здравјето при работа на вработените во Дирекцијата. ![]() |