Спогодба со Република Словенија

Скопје, 31 март 2010 година

 

На 31 март 2010 година во Скопје беше потпишана Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за размена и заемна заштита на класифицирани информации.

По овластување на претседателот на Владата на Република Македонија, м-р Никола Груевски, во име на Владата на Република Македонија Спогодбата ја потпиша в.д. директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Во име на Владата на Република Словенија, Спогодбата ја потпиша м-р Милан Тарман, директор на Кацеларијата на Владата на Република Словенија за заштита на класифицирани инфомации (Национален безбедносен авторитет). На потпишувањето на спогодбата присуствуваше и Н.Е. Ален Брајан Бергант, амбасадор на Република Словенија во Република Македонија.