Семинари и обуки

TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Сојузна Република Германија

Бон/Берлин, 04-09 jуни 2012 година

 

Тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации од 4 до 9 јуни 2012 година беа во студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Сојузна Република Германија, организирана со поддршка на TAIEX инструментот на Европската комисија.
Целта на посетата беше запознавање со работата на германските институции кои имаат надлежности во заштитата и ракувањето со класифицирани информации, со акцент на информатичката безбедност. Притоа, беа извршени работни посети на Федералната институција за безбедност на информациите, на Министерството за економија и технологија во Бон, како и на Националниот безбедносен авторитет на Сојузна Република Германија во Берлин.

Обуки во доменот на Заедничката безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП) на ЕУ

jуни 2012 година

 

Претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации земаат активно учество во обуките што се организираат во доменот на Заедничката безбедносна и одбранбена политика (ЗБОП) на ЕУ. Како резултат на тоа, двајца претставници на Дирекцијата ќе учествуваат на обуката што ја организира Министерството за одбрана во Скопје на 12-13 јуни 2012 година преку TAIEX инструментот на Европската комисија, а еден претставник ќе земе учество на обуката што ќе се одржи во периодот од 18 до 22 јуни 2012 година во Брисел, организирана во рамките на Програмата за обука за ЗБОП за земјите од Процесот на стабилизација и асоцијација (ПСА) за 2012 година.

TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Сојузна Република Германија

jуни 2012 година

 

Во периодот од 4 до 8 јуни 2012 година тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ќе престојуваат во студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Сојузна Република Германија, организирана со поддршка на TAIEX инструментот на Европската комисија. Целта на посетата е стекнување знаења и размена на искуства во доменот на работата на Националното тело за безбедносна комуникација на комуникациско-информатички системи (NCSA), на Националното тело за акредитација на комуникациско-информатички системи (NAA) и на Националното тело за дистрибуција на криптоклучеви (NDAA), како и размена на искуства во доменот на информатичката безбедност на класифицирани информации.

TAIEX работилница

Скопје, 13-14 март 2012 година

 

На 13-14 март 2012 година во Скопје се одржа работилницата на тема „Критериуми, мерки и стандарди за физичка безбедност на класифицирани информации во државните органи, јавните претпријатија и приватните компании“. Работилницата беше организирана во соработка со Европската комисија од Брисел, во рамките на TAIEX инструментот.

Претседавач на работилницата беше директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, а презентери беа експерти за физичка безбедност на националните безбедносни авторитети на Кралството Шпанија, на Словачката Република, на Ребулика Унгарија и на Република Кипар: г. Хавиер Лугедо Калдерон, г. Петер Гребач, г-ца Софија Сабо и г. Илиас Хацикумис.

Програма за TAIEX работилницата

Скопје, 13-14 март 2012 година

 

Програмата можете да ја преземете тука

TAIEX работилница

Скопје, 13-14 март 2012 година

 

На 13-14 март 2012 година во Скопје Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во рамките на TAIEX програмата на Европската комисија ќе одржи работилницата на тема „Критериуми, мерки и стандарди за физичка безбедност на класифицирани информации во државните органи, јавните претпријатија и приватните компании“.

Поканетите учесници тука можат да го пополнат формуларот во електронска верзија и да го испратат на e‑mail адресата на Дирекцијата direkcija@dbki.gov.mk до наведениот рок.

Подготовки за одржување на првиот alumni семинар на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство на Унијата

Скопје, март 2011 година

 

Во рамките на Програмата за обука за ЗБОП за 2001 година на Европскиот колеџ за безбедност и одбрана и на активностите сврзани со Националната програма за приближување на националното законодавство кон законодавството на ЕУ (НПАА), Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ќе биде домаќин на првиот alumni семинар на земјите членки на ЕУ и на земјите кандидати за членство на Унијата што ќе се одржи во периодот од 12 до 15 септември 2011 година во Охрид.

Во насока на утврдување на деталите сврзани со организацијата на семинарот, локацијата на одржување и програмата за работа, на 16 и на 17 мај 2011 година во посета на Република Македонија ќе престојува д-р Јохан Рехл од Сојузното министерство за одбрана и спорт на Република Австрија.

Обука на вработените во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

Скопје, февруари-март 2011 година

 

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во два наврата, на 17.02.2011 година и на 03.03.2011 година одржа обука на вработените во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија за работа со класифицирани информации.

Слушателите на обуката беа запознаени со ракувањето, со чувањето и со размената на национални и на странски класифицирани информации од доменот на административната, на физичката, на персоналната, на информатичката и на индустриската безбедност.

Реализирана TAIEX Работилница

Скопје, 16-17 март 2011 година

 

На 16-17 март 2011 година во Скопје се одржа работилницата на тема „Задолжителни одредби за административна, физичка и информатичка безбедност/NCSA“. Работилницата беше организирана во соработка со Европската комисија од Брисел, во рамките на TAIEX програмата.

Презентери на работилницата беа директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, г-дин Урлих Ван Есен и г-дин Себастијан Леоне, раководители на одделите за информатичка безбедност и за безбедносна комуникација во Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ, г-дин Мати Кесалајнен, консултант на Националниот безбедносен авторитет на Република Финска и г-дин Роберт Пекарчик, претставник на Националниот безбедносен авторитет на Словачката Република.

TAIEX Работилница

Скопје, јануари 2011 година

 

На 16-17 март 2011 година во Скопје ќе се одржи работилница на тема „Задолжителни одредби за административна, физичка и информатичка безбедност/NCSA“. Работилницата ќе биде организирана во рамките на TAIEX програмата на Европската комисија со предавачи од Советот на ЕУ, од земји-членки на ЕУ и од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
На работилницата ќе бидат поканети да учествуваат претставници на државни органи, приватни компании и други правни лица коишто се корисници на класифицирани информации.

Syndicate content