Работилница за приоритетизација на активностите за имплементација на ЦАФ моделот
Дојран, 11-12 април 2019 година
Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации во периодот 11-12 април 2019 година во Дојран ја одржа Работилницата за приоритетизација на активностите за имплементација на ЦАФ моделот, што се спроведува според Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државна служба. На Работилницата учествуваа членовите на Работната група за имплементација на овој модел, раководството на Дирекцијата и фасилитаторите што ѝ беа доделени на Дирекцијата на јавен повик од МИОА. Работилницата се одвиваше во мошне конструктивна и работна атмосфера, што е уште еден показател за тоа дека имплементацијата на овој модел во државните органи може само да го зголеми квалитетот на работењето и управувањето.
Акција против аерозагадувањето и заштита на животната средина
Скопје, 05 Април 2019 година
Според насоките на Владата на Република Северна Македонија за спроведување акција за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на 4 и на 5 април 2019 година, во соработка со Касарната „Гоце Делчев“, односно со помош на војници од редовите на Армијата на Република Северна Македонија, изведе акција за расчистување на зелените површини и засадување тревни растенија и дрвја во кругот на објектите на Дирекцијата.
Состанок со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО
Скопје, 11 февруари 2019 година
По покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, г. Стојан Славески, на 11.02.2019 година, во Дирекцијата се одржа средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ.
Билатерални разговори со Постојаната мисија на Црна Гора во НАТО
Брисел, 21 декември 2018 година
Делегација на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на 21 декември 2018 одржа билатерална средба со претставници на Постојаната мисија во НАТО на Република Црна Гора во Брисел, Кралството Белгија. Целта на посетата беше да се разменат мислења за олеснување на влезот на Република Македонија во НАТО со потпишувањето на пристапните преговори за влез како и за улогата на Дирекцијата како Национален безбедносен авторитет во процесот.
Билатерални преговори со Црна Гора
Подгорица, 24 декември 2018 година
По покана на директорот на Дирекцијата за заштита на тајни податоци на Црна Гора, на 24 декември 2018 година во Подгорица беа реализирани билатерални преговори за усогласување на текстот на договорот за размена и заемна заштита на класифицирани меѓу владите на двете земји. Македонската четиричлена делегација, предводена од директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, беше составена од претставници на Дирекцијата, на Министерството за надворешни работи и на Министерството за внатрешни работи. Црногорската делегација којашто беше составена од претставници на Дирекцијата за заштита на тајни податоци, ја предводеше директорот на Дирекцијата.
Билатерални разговори со НСА на Хрватска
Скопје, 08 ноември 2018 година
По покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на 08 ноември 2018 година во просториите на Дирекцијата се одржа состанок на директорско ниво со претставници на Канцеларијата на Советот за национална безбедност на Република Хрватска.
Пристапни разговори со НАТО
Брисел, 18-19 октомври 2018 година
Претставници на Дирекцијата беа дел од делегацијата на Владата на Република Македонија предводена од Заменик претседателката на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со Националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, која што во Брисел на 18-19 октомври 2018 година ги реализираше пристапните разговори со НАТО.
Билатерални разговори со НСА на Црна Гора
Скопје, 25 септември 2018 година
По покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на 25 септември 2018 година во просториите на ДБКИ се одржа состанок на директорско ниво со претставници на Дирекцијата за заштита на тајни податоци на Црна Гора.
Состанок на директорите на Националните безбедносни авторитети од регионот во формат 6S
Блед, 12 септември 2018 година
На 12 септември 2018 година во Блед, Република Словенија, се одржа Шестиот состанок на директорите на Националните безбедносни авторитети на земјите од поранешните југословенски републики (формат 6S), како консекутивна (back-to-back) активност со Осмата SEENSA конференција. Состанокот беше поддржан од Регионалниот совет за соработка на ЕУ (RCC) како резултат на неговата јасна определба за поддршка на сите форми на регионална соработка што не се контрадикторни на SEENSA форматот на соработка.
Обука за класифицирани информации во ДЦАФ
Скопје, 12 септември 2018 година
Од страна на ДЦАФ беше побарана обука за припадници на собраниската служба што ракуваат со класифицирани информации, и тоа од областа на персоналната и административната безбедност на класифицирани информации. Истата беше одржана на 12.09.2018 година во просториите на ДЦАФ од страна на вработени во Дирекцијата. |