Билатерална соработка

Спогодба со Големото Војводство Луксембург

Скопје, 6 септември 2018 година

 

На 06 септември 2018 година во Скопје беше потпишана Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Големото Војводство Луксембург за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
Спогодбата ја потпишаа министрите за надворешни работи на владите на двете страни, Никола Димитров и Жан Аселборн.

Средба со директорот на Програмата наука за мир и безбедност

Брисел, 4 јули 2018 година

 

PictureНа 4 јули 2018 година во новото седиште на НАТО во Брисел, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со директорот на Програмата наука за мир и безбедност (SPS - Science for Peace and Security), д-р Дениз Бетен. На средбата беше разговарано за тековните активности и предизвици на Дирекцијата во однос на исполнувањето на стандардите на НАТО заради целосна подготвеност на Република Македонија за добивање статус на полноправна членка на НАТО. Исто така, беше разгледана можноста за поддршка и помош од страна на SPS програмата за надминување на најновите предизвици во делот на сајбер безбедноста. За таа цел во наредниот период е договорена советодавна мисија од страна на НАТО тимот во Скопје, при што ќе се утврдат приоритетите и безбедносните мерки што ќе треба да се подобрат или исполнат.

Средба со директорот за сигурност и безбедност на Советот на Европската Унија

Брисел, 3 јули 2018 година

 

PictureНа 3 јули 2018 година во Советот на Европската Унија во Брисел, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со директорот на Директоратот за сигурност и безбедност, г-дин Морган Францис. На средбата беше разговорано за тековните активности на Дирекцијата и беа разменети мислења за зголемување на соработката помеѓу двете служби. Исто така, во однос на доделувањето на Република Македонија на датум за преговори за пристапување кон Европската Унија, беше разговарано и за безбедносните аранжмани помеѓу Европската Унија и Република Македонија склучени во 2005 година, во однос на нивно можно подобрување.

Спогодба со Австрија

Виена, 26 јуни 2018 година

 

На 26 јуни 2018 година во Виена, Австрија, беше потпишана Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Австриската Сојузна Влада за размена и заемна заштита на класифицирани информации.
Во име на Владата на Република Македонија Спогодбата ја потпиша претседателот на Владата, г. Зоран Заев.

Потпишан Меморандум за соработка со Комората за приватно обезбедување

Скопје, 13 јуни 2018 година

 

PictureДиректорот Дирекција за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, потпишa меморандум за соработка со претседателката на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, м-р Верица Милеска Стефановска. По повод воспоставување на соработката, во оваа прилика претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации одржаа стручни предавања на тема: „Безбедносни проверки за правни и физички лица“ и „Физичка безбедност на објекти наменети за заштита на класифицираните информации“ кои ќе претставуваат значајни аспекти од областа на безбедност на класифицирани податоци поврзани со работењето на приватното обезбедување.

Работна средба помеѓу директорите на НБА на Р. Македонија и Р. Хрватска

Загреб, 8 мај 2018 година

 

На ден 08. 05 2018 година во Загреб, Република Хрватска, беше одржана работна средба помеѓу директорите на националните безбедносни авторитети на Р. Македонија и Р. Хрватска. Целта на директорската средба беше размена на мислења, теоретски и практични искуства како и стекнување на сознанија за одредени правни решенија во доменот на заштитата на класифицираните информации во Р. Хрватска. Покрај можноста за добивање сознанија за имплементираната правна рамка на заштитата на класифицираните информации, работната средба допринесе и кон зајакнување на билатералните односи помеѓу двата безбедносни авторитети.

Соработка со Филозофскиот факултет

Скопје, 19 март 2018 година

 

PictureДиректорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески, потпиша Меморандум за соработка со деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев. Во таа пригода пред студентите на Филозофскиот факултет директорот одржа предавање на тема „Безбедносна култура и заштита на тајните информации во безбедносниот систем на РМ“.

Соработка со Факултетот за безбедност – Скопје

Скопје, 12 февруари 2018 година

 

PictureНа 12.02.2018 година, на Факултетот за безбедност – Скопје, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески одржа предавање на тема: Безбедносната култура и заштита на тајните информации во безбедносниот систем на Република Македонија. Притоа, Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје проф. Д-р Никола Дујовски и директорот на ДБКИ потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции.

Средба со директорот на НАТО Канцеларијата за безбедност

Брисел, 23 ноември 2017 година

 

PictureНа 23 ноември 2017 година во Седиштето на НАТО во Брисел, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со директорот на НАТО Канцеларијата за безбедност, г-ѓа Венди Башнан, којашто покрај менаџирањето на Канцеларијата има функција и на главен советник на Генералниот секретар на НАТО за безбедносни прашања и на Претседавачот со Воениот комитет на НАТО и претседава со комитети на високо ниво.

Средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен

Скопје, 17 октомври 2017 година

 

PictureНа 17 октомври 2017 година директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен. За време на средбата беше разговарано за тековните активности на Дирекцијата, за досегашната соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје во рамките на проектот за методологијата за изработка на процената на ризик за информатичка безбедност, како и за можностите за воспоставување поблиска соработка преку влегување во нови проекти поддржани од ОБСЕ.

Syndicate content