Согласно обврските преземени во Годишната национална програма за подготовки на Република Македонија за членство на Република Македонија во НАТО, вработени од Дирекцијата активно учествуваат во меѓуресорската работна група за изработка на Нацрт-законот за криптозаштита во Република Македонија, којшто заради дополнителни разговори и усогласувања на ставовите на инволвираните институции сè уште не е пуштен во владина процедура. Со работната група раководи директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Во соработка со „Македонски бизнис системи“ – Скопје и Државниот архив на Република Македонија, во 2007 година е изработен софтвер за електронско деловодство на класифицирани информации.