Останато

Закон за изменување на Законот за класифицирани информации

Скопје, 9 ноември 2010 година

 

На 27 октомври 2010 година со Указ на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за изменување на Законот за класифицирани информации.
Законот е објавен во „Службен весник на РМ" бр.145 од 5 ноември 2010 година.

Закон за изменување на Законот за класифицирани информации

Скопје, октомври 2010 година

 

Во рамките на завршните активностите за донесување на Закон за изменување на Законот за класифицирани информации, Предлог-законот го помина првото читање во собраниска процедура.

Предлог-закон за изменување на Законот за класифицирани информации

Скопје, септември 2010 година

 

Во тек е активност за донесување Закон за изменување на Законот за класифицирани информации. Измените се однесуваат на член 67 во однос на статусот на вработените во Дирекцијата, заради негово усогласување со Законот за државни службеници. Предлог-законот за изменување на Законот за класифицирани информации помина на Седница на Владата на Република Македонија. Се очекува собраниска процедура за донесување на Законот за изменување на Законот за класифицирани информации.

Издадени безбедносни сертификати и примени НАТО/ЕУ документи

Скопје, 1 септември 2010 година

 

Во периодот од 01.01.-31.08.2010 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за лица вработени во државните органи издаде вкупно 3052 безбедносни сертификати, од кои национални - 2560; НАТО - 343 и ЕУ - 149.

Во истиот тој период, Дирекцијата прими класифицирани и некласифицирани документи од ЕУ – 180 и класифицирани документи од НАТО – 1888.

Ден на дрвото

Скопје, 30 март 2010 година

 

На 30 март 2010 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации работно беше одбележан Денот на дрвото при што беа засадени шест садници. Воедно беше спроведена и акција за средување на дворното место на Дирекцијата којашто вклучи косење на тревата на површина од повеќе од 1000 квадрати, чистење и обновување на жардињери со сезонски цвеќиња.

Заврши НАТО вежбата CMX - 2009

Скопје, 10 март 2010 година

 

Денес заврши здружената симулациона НАТО вежба – CMX 2009 во којашто Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации зеде активно учество со свои претставници вработени во Мисијата на Република Македонија при НАТО во Брисел и во Дирекцијата во Скопје, коишто беа поврзани со централниот штаб за вежбата лоциран во Центарот за управување со кризи.
Оценките за ефектите од вежбата и подготвеноста на учесниците ќе бидат соопштени на состанокот што денес попладне ќе се одржи во Седиштето на НАТО во Брисел, по што истите официјално ќе бидат доставени до сите учесници во вежбата.

Вежба ,,CMX – 2009“

Скопје, 04-10 март 2010 година

 

Во периодот од 04 до 10 март 2010 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во рамките на своите законски надлежности, ќе учествува во заедничката симулациона НАТО вежба – ,,CMX 2009’’, чијшто носител е Центарот за управување со кризи. На вежбата во доменот на кризниот менаџмент ќе земат учество околу стотина претставници од државните органи и институциите на Република Македонија определени со Одлука на Владата на Република Македонија бр.51-913/1 од 16 февруари 2010 година.

Спортски ден

Скопје, 18 февруари 2010 година

 

На 18 февруари 2010 година беше одбележан денот на „Меѓународниот совет за воени спортови“ во организација на Армијата на Република Македонија.

На покана на командантот на Касарната „Гоце Делчев“, со цел промовирање на здравјето и физичката активност на вработените од сите институции коишто се лоцирани во Касарната, претставници од Дирекцијата учествуваа во спортските дисциплини мал фудбал со една екипа (10 учесници) и пинг понг (2 учесници). Во натпреварот на двојки во пинг понг, екипата на Дирекцијата го освои третото место.

Редизајн на веб-страницата на ДБКИ

Скопје, 30 декември 2009 година

 

На 30 декември 2009 година официјално беше промовирана редизајнираната веб-страница на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Проектот за редизајнирање на веб-страницата, којшто траеше два месеци, го изработи тим на информатичари од Дирекцијата.

Издадени безбедносни сертификати во 2009 година

Скопје, декември 2009 година

 

Во 2009 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за лица вработени во државните органи и институции издаде вкупно 4829 безбедносни сертификати, од кои национални - 3443; НАТО - 795 и ЕУ – 591. Воедно, Дирекцијата издаде и 1 дозвола за пристап до национални класифицирани информации за 1 странски државјанин.

Од областа на индустриската безбедност, Дирекцијата издаде 343 национални безбедносни сертификати, како и 3 НАТО безбедносни сертификати.

Syndicate content