Семинари и обуки

Работилница во врска со постапките при спроведување набавки со класифицирани тендери

Скопје, 26 ноември 2010 година

 

На 26 ноември во Клубот на новинарите, Скопје, во заедничка соработка Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Бирото за јавни набавки одржаа работилница на тема: „Постапки на јавни набавки и безбедносни процедури при класифицирани тендери“. На Работилницата зедоа учество седумнаесет претставници од шеснаесет државни органи. На Работилницата се поставија и се дискутираа прашања во врска со конкретни постапки и решенија за проблемите коишто се јавуваат во текот на нивното изведување.

Работилница во организација со Бирото за јавни набавки

Скопје, октомври 2010 година

 

Во заедничка организација на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Бирото за јавни набавки, во втората половина на ноември 2010 година ќе се одржи работилница сврзана со постапките за јавни набавки во коишто се содржани класифицирани податоци – класифицирани тендери.

Семинар за индустриска безбедност

Скопје, 22-23 септември 2010 година

 

На 22 и на 23 септември 2010 во просториите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации се одржa Семинар на тема ,,Класифицирани тендери за набавка на класифицирани стоки и услуги, класифицирани договори и безбедносни сертификати за правни лица“. На Семинарот учествуваа вкупно 40 лица, од коишто 18 – претставници од органи на државната управа и 22 – претставници од приватни компании коишто имаат потреба за пристап до класифицирани информации во доменот на индустриската безбедност.

Семинар

Скопје, септември 2010 година

 

На 22 и на 23 септември 2010 во просториите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации ќе се одржи Семинар на тема ,,Класифицирани тендери за набавка на класифицирани стоки и услуги, класифицирани договори и безбедносни сертификати за правни лица“. На Семинарот ќе земат учество претставници на приватни фирми и органи на државната управа коишто работат со класифицирани информации од доменот на индустриската безбедност.

Обука за МНР

Скопје, мај 2009 година

 

Во мај 2009 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации одржаа обука за вработените во Министерството за надворешни работи коишто заминуваат на работа во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Македонија во странство.

Семинар

Охрид, април 2009 година

 

Во април 2009 година, во организација на Управата за безбедност и разузнавање при Министерството за внатрешни работи во Охрид се одржа семинар за обука на претставниците на службите за вршење оперативни безбедносни проверки. По барање на организаторот на тема „Оперативни проверки и издавање безбедносни сертификати“, предавање одржа директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Обука

Брисел, март 2009 година

 

Во март 2009 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации извршија обука за работа со класифицирани информации на вработените во Мисијата на Република Македонија при НАТО во Брисел.

Брифинг во Основен суд - Гостивар

Скопје, февруари 2009 година

 

Во февруари 2009 година, како дел од редовните обврски, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации изврши брифирање на вработените во Основниот суд Гостивар.

Обука

Брисел, јануари 2009 година

 

Во јануари 2009 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации извршија обука за работа со класифицирани информации на вработените во Мисијата на Република Македонија при Европската заедница во Брисел.

Контрола и обука во Финансиска полиција

Скопје, јануари 2009 година

 

Во јануари 2009 година, Дирекцијата изврши контрола на условите за работа со класифицирани информации во Финансиската полиција, како и обука на вработените за работа со класифицирани информации.

Syndicate content