Братислава, 24 февруари 2020 година
Во периодот помеѓу 24 и 28 февруари 2020 година во Братислава, Република Словачка, тричлена делегација од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации зема учество во студиската програма за мобилност на државни службеници – „Дигитализација, дигитална економија и заштита на податоците“. Организирана од страна на ГЛОБСЕК и други истражувачки институти од земјите од Вишеградската група и финансиски поддржана од Меѓународниот вишеградски фонд, студиската програма имаше за цел споделување искуства на земјите од Вишеградската група а особено искуствата на Р. Словачка во области како што се сајбер безбедност, заштита на информациите, дигитализација на јавната администрација и заштита на критичната дигитална инфраструктура. Студиската посета којашто се состоеше од посета на низа државни институции, приватни компании и невладини организации и средби со амбасадори, менаџерски и технички персонал значително допринесе за зајакнување на човечките капацитети на Дирекцијата во гореспоменатите области.