Седма конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)

Белград, 05 октомври 2017 година

 

PictureНа 05 октомври 2017 година во Белград, Република Србија, се одржа Седмата конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA). Ко-претседавачи на конференцијата беа директорот на НСА на Србија, д-р Горан Матиќ и генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка на ЕУ (RCC), г. Горан Свиларевиќ. На конференцијата учествуваа делегации на националните безбедносни авторитети од Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Косово, Република Македонија, Република Молдавија, Романија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Република Црна Гора, како и претставник на Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ. Специјални гости на отворањето на конференцијата беа претседавачот со Парламентарната комисија за безбедност и одбрана на Србија и директорот на Полиција.
Акцентот на конференцијата беше ставен на тековните состојби во службите и на промените, односно на развојните активности во службите во периодот меѓу двете SEENSA конференции. За време на периодите за дискусија, делегациите ја поздравија поддршката на RCC, подетално информираа за прашања што се од нивен посебен тековен интерес и ги идентификуваа прашањата од заемен интерес што ќе послужат како основа за понатамошно развивање на соработката во рамките на форумот.