Тркалезна масаСкопје, 10-11 јули 2007 година
Тема: Подобрување на имплементацијата и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на Законот за класифицирани информации и на Законот за заштита на личните податоци На 30 мај, на 10 и на 11 јули 2007 година се одржаа тркалезни маси на тема „Подобрување на имплементацијата и примената на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, на Законот за класифицирани информации и на Законот за заштита на личните податоци“. Целта на средбата беше експертска расправа за имплементацијата на овие три закони од страна на централната власт, банкарскиот сектор, медиумите и секторот за телекомуникации, за да се идентификуваат добрите примери, предизвиците и евентуалните проблеми. Беа поканети службените лица кои се директно одговорни за имплементација на овие закони, како и претставници на медиумите во Република Македонија, претставници од секторот за телекомуникации во Република Македонија и претставници од банките во Република Македонија. На тркалезната маса свое излагање имаа: директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, Маријана Марушиќ, директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Јанко Николовски, директор на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, како и академик проф. д-р Владо Камбовски, проф. д-р Борче Давитковски и доц. д-р Ана Павловска Данева. Организатори и поддржувачи на средбата беа: Фондацијата Институт отворено општество – Македонија и Фондацијата Метаморфозис, а во соработка со Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер, Дирекцијата за заштита на личните податоци и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Вториот циклус на тркалезни маси продолжува во септември кога за овие три закони ќе треба да се расправа со претставниците на локалната самоуправа, со судовите во Република Македонија и со претставниците на адвокатската комора. |