Учество во обуки за ЕУ интеграција (твининг проект MK 10 IPA OT 02 04)Скопје, септември-октомври 2016 година
Во рамките на твининг проектот МК 10 IPA OT 02 14 „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации реализираа учество на повеќе обуки за ЕУ интеграција. Согласно планот и организацијата на Секретаријатот за европски прашања, обуките беа спроведени од страна на експерти од Хрватска, Полска и Германија, како и од Секретаријатот за европски прашања и од Секретаријатот за законодавство од Македонија. |