ТAIEX работилницаСкопје, 19 - 20 април 2016 година
На 19 и 20 април 2016 година во Скопје, со користење на TAIEX инструментот на Европската комисија, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации одржа работилница на тема „Прекумерната класификација на информациите во корелација со објективното препознавање на потребата за поседување безбедносен сертификат – најдобри практики и искуства“. На работилницата учествуваа 60-тина претставници на државни институции од Република Македонија во коишто се создаваат и се ракува со класифицирани информации, вклучувајќи ги и безбедносните служби што ги вршат безбедносните проверки за лицата што поднеле барање за издавање безбедносен сертификат. |