TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Сојузна Република ГерманијаБон/Берлин, 04-09 jуни 2012 година
Тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации од 4 до 9 јуни 2012 година беа во студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Сојузна Република Германија, организирана со поддршка на TAIEX инструментот на Европската комисија. Оваа студиска посета е од големо значење за Република Македонија, затоа што беа стекнати нови искуства и практики во заштитата и ракувањето со класифицирани информации. Овие искуства и остварените контакти со германските претставници ќе придонесат за унапредување на билатералната соработка и за практичната имплементација на потпишаниот меморандум за договор за техничка и информатичка соработка и на билатералниот договор за заемна заштита на класифицирани информации што наскоро треба да се потпише меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија. |