Семинар за индустриска безбедностСкопје, 22-23 септември 2010 година
На 22 и на 23 септември 2010 во просториите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации се одржa Семинар на тема ,,Класифицирани тендери за набавка на класифицирани стоки и услуги, класифицирани договори и безбедносни сертификати за правни лица“. На Семинарот учествуваа вкупно 40 лица, од коишто 18 – претставници од органи на државната управа и 22 – претставници од приватни компании коишто имаат потреба за пристап до класифицирани информации во доменот на индустриската безбедност. Во текот на Семинарот од страна на претставниците на државните органи и на приватните компании беа покренати повеќе прашања сврзани со темата на Семинарот, при што од страна на Дирекцијата беа дадени детални насоки за постапување во одредени постапки за класифицирани набавки. |