Методологија за изработка на процена на ризик за информатичка безбедност
Скопје, 23 февруари 2017 година
Дирекцијата безбедност на класифицирани информации во делот на информатичката безбедност на класифицирани информации, заради правилна изработка на процена на ризик на КИС, изработи:
Водич за одредување на степенот на класификација на информациите
Скопје, 26 декември 2016 година
Дирекцијата безбедност на класифицирани информации во делот на административната безбедност на класифицирани информации, заради правилно одредување на степенот на класификација на информациите, изработи:
ТAIEX Експертска мисија на тема „Инспекциски тимови за надзор над класифицирани информации: правна рамка, организациска...
Скопје, 06 - 07 декември 2016 година
На 06-07 декември 2016 година во експертска мисија, поддржана од TAIEX инструментот на Европската комисија, во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации престојуваа претставник на Канцеларијата за безбедност на Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ и претставник на Министерството за внатрешни работи на Република Словенија. Фокусот на експертската мисија беше ставен на инспекцискиот надзор, односно на правната рамка, поставеноста и програмите за работа на инспекциските тимови и на казнената политика.
Нов Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносните прашалници и на безбедносните сертификати
Скопје, ноември 2016 година
На 24 ноември 2016 година во „Службен весник на РМ“ бр. 208/2016 беше објавен новиот Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносните прашалници и на безбедносните сертификати.
ТAIEX Работилница за интеракцијата меѓу законите за пристап до информации од јавен карактер, за заштита на личните податоци и...
Скопје, 29 - 30 ноември 2016 година
Четири претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на работилницата на тема „Интеракцијата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со заштита на личните податоци и на класифицирани информации“, којашто се одржа на 29-30 ноември 2016 г. во Скопје во организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, со поддршка на ТAIEX инструментот на Европската комисија. На работилницата на којашто имаше гости предавачи од Германија, Естонија, Словенија, Шкотска и Шпанија, учествуваа претставници на државни органи од земјата – службени лица за посредување со пристапот до информации од јавен карактер.
Курс за генерали, адмирали и амбасадори (GFOAC)
Рим, 07-16 ноември 2016 година
Претставник на Дирекцијата учествуваше на Курсот за генерали, адмирали и амбасадори (GFOAC) што се одржа во периодот од 17 до 21 октомври 2016 година во организација на НАТО Колеџот во Рим, Италија. Првиот дел од обуката беше реализиран во Колеџот, додека вториот дел вклучи студиско патување во Брисел. Целта на овој курс беше зајакнување на заемното разбирање за актуелните безбедносни прашања и предизвици и за интересите и способностите на НАТО меѓу високо рангираните воени и поморски офицери и цивили, вклучувајќи ги и амбасадорите од НАТО и земјите членки на Партнерството за мир (PfP), Медитеранскиот дијалог (MD), Истанбулската иницијатива за соработка (ICI), Контакт земјите и Ирак.
Интегриран курс за земји Партнери (IPOC)
Рим, 17-21 октомври 2016 година
На Интегрираниот курс за земји Партнери (IPOC) што се одржа во периодот од 17-21 октомври 2016 година во НАТО Колеџот во Рим, Италија, учествуваше и претставник на Дирекцијата. Акцентот на обуката беше ставен на унапредување на знаењето на учесниците за НАТО, за нејзината улога и приоритети, за нејзината внатрешна структура и организација, за нејзините мисии, како и за нејзините надворешни односи со земјите партнери и меѓународните организации. Во дискусиите беше посветено внимание и на начините на коишто секој од овие елементи се развива како резултат на промените и на новите предизвици во меѓународното безбедносно опкружување.
Обука за Европска безбедносна и одбранбена политика на ЕУ
Скопје, модул на електронско учење на далечина, август- септември Брисел, Ориентационен курс, 5-9 септември, 2016 година Сараево, Рефлективен семинар, 3-6 октомври, 2016 година
Претставник на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваше на 10-от циклус на обуки од областа на Заедничката безбедносна и одбранбена политика на ЕУ наменета за земјите членки од процесот на Стабилизација и Асоцијација. Организирана во рамките на ТАИЕХ инструментот за претпристапна помош на Европската комисија и поддржана од Европскиот колеџ за безбедност и одбрана, програмата имаше за цел оспособување на претставници од државните органи на земјите од Западен Балкан во областа на Европската безбедносна и одбранбена политика.
Учество во обуки за ЕУ интеграција (твининг проект MK 10 IPA OT 02 04)
Скопје, септември-октомври 2016 година
Во рамките на твининг проектот МК 10 IPA OT 02 14 „Понатамошно зајакнување на организациските и институционалните капацитети за процесот на европската интеграција“, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации реализираа учество на повеќе обуки за ЕУ интеграција. Согласно планот и организацијата на Секретаријатот за европски прашања, обуките беа спроведени од страна на експерти од Хрватска, Полска и Германија, како и од Секретаријатот за европски прашања и од Секретаријатот за законодавство од Македонија.
Шеста конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)
Подгорица, 29 септември 2016 година
На 29 септември 2016 година во Подгорица, Република Црна Гора, се одржа Шестата конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA). На конференцијата, чиј ко-претседавач беше генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка на ЕУ (RCC), г. Горан Свиларевиќ, учествуваа делегации на националните безбедносни авторитети од Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Косово, Република Македонија, Република Молдавија, Романија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Република Црна Гора. |