Семинари и обуки

Работилница во организација на RACVIAC и Воената академија

Охрид, 12-14 мај 2015 година

 

Претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Учествуваа на работилницата на тема „Градење на сајбер издржливо општество во Југоисточна Европа“, што се одржа во периодот од 12 до 14 мај 2015 година во Охрид, во организација на Центарот за безбедносна соработка RACVIAC и Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“- Скопје. Работилницата беше поддржана од Владата на сојузна Република Германија.

Истражувачка работилница од напредно ниво на тема „Подигање на степенот на свесноста за сајбер одбрана на Балканот“

Скопје, 17-19 март 2015 година

 

Во периодот од 17 до 19 март 2015 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на истражувачката работилница од напредно ниво под наслов „Подигање на степенот на свесноста за сајбер одбрана на Балканот“ што се одржа во Скопје, спонзорирана од НАТО Програмата за мир и одбрана и организирана од страна на Евроатлантскиот младински клуб на Бугарија и Истражувачкиот центар за безбедност, одбрана и мир во Македонија.

Прв состанок на тематската работна група на SEENSA за сајбер одбрана

23 октомври 2014 година, Белград

 

Македонска делегација, составена од двајца претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и еден претставник на Министерството за информатичко општество и администрација, учествуваше на првиот состанок на тематската работна група на SEENSA за сајбер одбрана што се одржа во Белград, на 23 октомври 2014 година, во коорганизација на Канцеларијата на Советот за национална безбедност и заштита на класифицирани информации при Владата на Република Србија и Регионалниот совет за соработка на ЕУ. На состанокот, делегацијата ги презентираше актуелните состојби и законските прописи во доменот на сајбер одбраната во Република Македонија.

Рефлективен семинар за ЗБОП

6-9 октомври 2014 година, Скопје

 

Во периодот од 6-9 октомври 2014 година во Скопје се одржа Рефлективниот семинар за Заедничка надворешна политика (ЗБОП) на ЕУ со што беше заокружен циклусот обуки за 2014 година во рамките на Програмата за обука за ЗБОП наменета за земјите членки на Процесот за стабилизација и асоцијација. Реализацијата на циклусот обуки за ЗБОП оваа година за прв пат беше поддржан од TAIEX инструментот на Европската комисија. Обуката ја спроведе Европскиот колеџ за безбедност и одбрана (ЕКБО), а twinning партнери и коорганизатори на семинарот во Скопје беа Министерството за одбрана и спорт на Република Австрија, како еден од иницијаторите на програмата за обука, и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, со поддршка на Министерството за одбрана на Република Македонија.

Подготвителна обука за полагање на ТОЕФЛ

Скопје, јуни 2014 година

 

Во периодот од 19.05 до 12.06. 2014 година, во просториите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации се одржа подготвителна обука за полагање на ТОЕФЛ тестот по англиски јазик наменета за вработените во Дирекцијата. Обуката беше спроведена во соработка со Indiana Weslеyаn University од Соединетите Американски Држави, а истата беше реализирана од страна на професорките Кејла Бејлс и Рејчел Гаглиардо, под менторство на професорката Рашел Нил.

Предавање

Скопје, 11 април 2014 година

 

На 11 април 2014 година во просториите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, директорот на Дирекцијата одржа предавање на студенти од Факултетот за безбедност, Скопје за поставеноста, работата и улогата на Дирекцијата во безбедносниот систем на државата.

TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Романија

30-31 јануари 2014 година, Букурешт

 

Во периодот 30-31 јануари 2013 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации реализираа TAIEX студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Романија. Акцентот на посетата беше ставен на физичката безбедност на класифицираните информации и безбедносната акредитација на КИС системите.
Посетата е овозможена во соработка со TAIEX инструментот на Европската комисија.

TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Република Полска

9-10 декември 2013 година, Варшава

 

Во соработка со TAIEX инструментот на Европската комисија, во периодот од 9-10 декември 2013 година, тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации реализираа TAIEX студиска посета нa Националниот безбедносен авторитет на Република Полска.

Темата на студиската посета беше од доменот на безбедноста на лица корисници на безбедносни сертификати и воедно претставуваше и можност за размена и за споредување на искуствата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации на република Македонија и на Агенцијата за внатрешна безбедност на Република Полска.

TAIEX Студиска посета на Националниот безбедносен авторитет на Словачката Република

11-14 ноември 2013 година, Братислава

 

Од областа на индустриската безбедност, а во соработка со TAIEX инструментот на Европската комисија, во периодот од 11-14 ноември 2013 година, тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации реализираа TAIEX студиска посета нa Националниот безбедносен авторитет на Словачката Република.

TAIEX Работилница за заштита од електромагнетно зрачење (TEМPEST)

Сараево, 23.10.- 24.10.2013 година

 

Во периодот, 23.10.- 24.10.2013 година тројца претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на TAIEX работилница за TEМPEST опрема и TEMPEST зонирање. Целта на Работилницата беше унапредување на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан во обезбедување заштита на класифицирани информации преку заштита од компромитирачко електромагнетно зрачење и TEMPEST контрамерки.

Syndicate content