Останато

Состанок со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО

Скопје, 11 февруари 2019 година

 

PictureПо покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, г. Стојан Славески, на 11.02.2019 година, во Дирекцијата се одржа средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ.
Целта на средбата беше запознавање и информирање на претставниците на Канцеларијата за врски на НАТО со моменталните активности на Дирекцијата, како и со плановите за реализација на приоритетните цели во претстојниот период. Притоа, осврнувајќи се на приоритетите и целите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, директорот Славески истакна дека Предлогот на Закон за класифицирани информации е одобрен од страна на Владата и е во завршна фаза на донесување.

Именување нов директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, август 2017 година

 

На својата седница на 3 август 2017 година Владата на Република Македонија донесе одлука за именување на д-р Стојан Славески за вршител на должност директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Методологија за изработка на процена на ризик за информатичка безбедност

Скопје, 23 февруари 2017 година

 

Дирекцијата безбедност на класифицирани информации во делот на информатичката безбедност на класифицирани информации, заради правилна изработка на процена на ризик на КИС, изработи:

Водич за одредување на степенот на класификација на информациите

Скопје, 26 декември 2016 година

 

Дирекцијата безбедност на класифицирани информации во делот на административната безбедност на класифицирани информации, заради правилно одредување на степенот на класификација на информациите, изработи:

Нов Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносните прашалници и на безбедносните сертификати

Скопје, ноември 2016 година

 

На 24 ноември 2016 година во „Службен весник на РМ“ бр. 208/2016 беше објавен новиот Правилник за формата и содржината на обрасците на безбедносните прашалници и на безбедносните сертификати.
На денот на влегување во сила на овој правилник престана да важи Правилникот за формата и содржината на обрасците на безбедносниот прашалник и на безбедносните сертификати објавен во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/04.

Состанок на Директорите на Националните безбедносни авторитети од регионот во формат 6S

Подгорица, 23 ноември 2015 година

 

На 23 ноември 2015 година во Подгорица, Република Црна Гора се одржа третиот состанок на директорите на Националните безбедносни авторитети на земјите од поранешните југословенски републики (формат 6S). Согласно востановената пракса, целта на состанокот на директорите на земјите од регионот беше зајакнување на регионалната соработка на полето на класифицираните информации преку конкретни предлози што беа предмет на дискусија и одлучување. Земјите учеснички, преку укажување на предизвиците со коишто се соочуваат поединечно и во регионални рамки и преку идентификација на можностите и начините за нивно надминување создадоа основа за понатамошна соработка на полето на заштитата на класифицираните информации.

Самит за сајбер закани

Даблин, 1 октомври 2015 година

 

Двајца претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации присуствуваа на „Интернационалниот самит на сајбер закани 2015“ што се одржа на 01 октомври 2015 година во Даблин, Република Ирска. Самитот, како еден од најважните и највлијателните настани што се одржуваат на годишно ниво на коишто се опфаќаат теми од доменот на сајбер безбедноста, беше одлична можност за воспоставување нови контакти и за унапредување на знаењата од доменот на сајбер безбедноста во насока на зајакнување на капацитетите на Дирекцијата во таа област.

Именување нов директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Скопје, 20 јануари 2015 година

 

На 20 јануари 2015 година Владата на Република Македонија донесе Решение бр. 24-640/1 од 20.01. 2015 година за именување директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации

Состанок за заштита од сајбер напади

Скопје, 23 април 2013 година

 

На 23 април 2013 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во согласност со своите законски надлежности во доменот на информатичката безбедност на класифицираните информации, одржа работен состанок за информирање на учесниците за активностите што се преземаат во насока на дефинирање на потребите во Република Македонија за заедничка соработка меѓу државниот, јавниот и приватниот сектор во однос на безбедноста и заштитата од сајбер напади.
На состанокот зедоа учество претставници на надлежните министерства, на компании коишто припаѓаат на критичната инфраструктура и најголемите интернет сервис провајдери во земјата.

Известување за промена на адресата на Дирекцијата

ноември 2012 година

 

Врз основа на известувањето на Град Скопје – Сектор за комунални работи, во согласност со Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и други инфраструктурни објекти, од 29 ноември 2012 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации се води на адреса ул. „Васко Каранѓелески“ бр. 8 (Касарна „Гоце Делчев“), 1000 Скопје. Другите податоци за контакт остануваат исти.

Syndicate content