Скопје, 27 септември 2022 година

На 27 септември 2022 година се одржа 12-тата конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA) која што беше организирана во рамките на претседавањето на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (Национален безбедносен авторитет на Република Северна Македонија) со SEENSA со поддршка на Регионалниот совет за соработка (РСС). Покрај претставниците од Дирекцијата и РСС, на конференцијата учество земаа и делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора како и претставник од Делегацијата на Европската унија во Скопје.