Годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG)Копенхаген, 13-15 септември 2022 година
Во периодот од 13 до 15 септември 2022 година, претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на 36-тата годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG) што се одржа во Копенхаген, Кралството Данска. На пленумот на конференцијата беа донесени значајни одлуки за понатамошно функционирање на форумот и беше констатиран остварениот напредок во работата. Пленумот усвои нов сет на правила и процедури, постигна договор за земјите-домаќини во наредните неколку години и за членовите на извршниот комитет, обезбеди насоки и поддршка за сите формирани ad hoc работни групи на MISWG и договори чекори за статусот на земјите кандидати спонзорирани за учество во MISWG пред одржувањето на пленумот.
На маргините на конференцијата беа одржани состаноци на ad hoc работните групи на MISWG, меѓу кои и на Ad hoc Работната група 9 – Аранжмани за меѓународен рачен пренос на класифицирани документи, опрема и компоненти и на Ad hoc Работната група 10 – Контрола и влијание на странска сопственост (FOCI) во чијашто работа учествуваа и претставниците на Дирекцијата. |