Скопје, декември 2008 година
Во текот на 2008 година претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации зедоа активно учество во реализацијата на бројни активности за имплементација на национални стратегии и меѓуинституционални проекти.
Од нив, позначајни се активностите сврзани со:
- Националната разузнавачка база на податоци (преку учество во Управниот одбор во политичкиот дел, преку учество на експерти во изготвување на законска рамка и во обезбедувањето информатички стандарди и решенија во стручниот дел);
- Проектот за интегрирано гранично управување;
- Националната стратегија за информатичко општество;
- Комисијата за утврдување на правото за електронски потпис во рамките на Проектот за издавање електронски сертификати;
- Меѓусебното поврзување и користење на регистрите и базите на податоци меѓу државните органи и институции;
- уредувањето на процедурите за размена на класифицирани информации во Акциониот план за соработка со Европол;
- Проектот за визно олеснување
- и во други проекти во кои се бара експертско мислење од Дирекцијата.