Потпишан безбедносен аранжман со Словенечкиот НБАСкопје, 15 април 2014 година
На 15 април 2014 година во Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации се потпиша Безбедносен аранжман за имплементација на размената на податоци за безбедносна соработка меѓу Словенечкиот НБА и Македонскиот НБА. Безбедносниот аранжман овозможува размена на информации за безбедносна соработка преку примената на апликацијата „НБА Облак“, којашто претставува информатичка средина за размена на податоци меѓу националните безбедносни авторитети на Република Македонија и на Република Словенија. |