Notice: Trying to get property of non-object in /home/direkcija/public_html/modules/locale/locale.module on line 175
 Обука на вработените во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија | Дирекција за безбедност на класифицирани информации

Обука на вработените во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија

warning: preg_split(): No ending delimiter ',' found in /home/direkcija/public_html/sites/all/modules/localizer/localizer.module on line 1260.

Скопје, февруари-март 2011 година

 

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во два наврата, на 17.02.2011 година и на 03.03.2011 година одржа обука на вработените во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија за работа со класифицирани информации.

Слушателите на обуката беа запознаени со ракувањето, со чувањето и со размената на национални и на странски класифицирани информации од доменот на административната, на физичката, на персоналната, на информатичката и на индустриската безбедност.