Канцеларија за безбедност на НАТОКанцеларијата за безбедност на НАТО е задолжена за координација, следење и имплементација на безбедносната политика на НАТО. Директорот на Канцеларијата е главен советник на генералниот секретар на НАТО за прашања од областа на безбедноста и претседава со Комитетот за безбедност на НАТО. Канцеларијата за безбедност на НАТО е надлежен орган на НАТО за соработка со Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) во доменот на разменета и заштитата на класифицирани информации што се разменуваат меѓу Република Македонија и НАТО. Нејзини претставници вршат редовни инспекции во Централниот регистар на ДБКИ и регистрите лоцирани во министерствата и другите државни органи и ДКП-а на Република Македонија каде што се чуваат и каде што се ракува со класифицирани информации на НАТО. Соработката е на многу високо професионално ниво, што се потврдува и преку постојаната и непречена комуникација со експертите од Канцеларијата за безбедност на НАТО во контекст на прашањата коишто се покриени со Поглавјето IV – Безбедносни прашања од Годишната национална програма за членство на Република Македонија во НАТО, чијшто носител е Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Исто така, показател за добрата соработка се и досега организираните семинари и меѓународни конференции на теми што се од интерес за граѓаните на Република Македонија корисници на класифицирани информации, на коишто активно учество, во улога на предавачи, земаат и претставници на Канцеларијата за безбедност на НАТО.
|