Инспекции

Инспекција

Скопје, 13-16 мај 2013 година

 

Од 13 до 16 мај 2013 година во Република Македонија ќе пристигнат претставници од НАТО на редовен состанок за Годишната национална програма за членство во НАТО на Република Македонија. Во рамките на оваа посета инспекторите од Канцеларијата за безбедност на НАТО ќе извршат увид во работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, како и на одредени регистри за странски класифицирани информации воспоставени во одделни министерства.
Извештајот за работата на Дирекцијата и на регистрите што инспекторите од Канцеларијата за безбедност на НАТО ќе го изработат ќе биде составен дел на Годишната национална програма за членство во НАТО на Република Македонија.

Инспекција од страна на Канцеларијата за безбедност на НАТО (NOS)

Скопје, 7 до 10 мај 2012 година

 

Во периодот од 7 до 10 мај 2012 година, во рамките на посетата на МАП тимот на НАТО на Република Македонија, беше спроведена инспекција од страна на Канцеларијата за безбедност на НАТО (NOS) на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и на регистрите за класифицирани информации лоцирани во министерставата и во другите државни органи. Резултатите од инспекцијата претставуваат утврдување на развојот и на степенот на заштита на НАТО класифицираните информации во Република Македонија од претходната инспекција и ќе влезат во финалниот извештај на НАТО за реализацијата на Акциониот план за членство на Република Македонија во НАТО. Од страна на инспекторот на NOS состојбата првично беше позитивно оценета и беа дадени нови документи за понатамошен развој на информатичката безбедност на класифицираните информации.

Инспекција од НАТО

Скопје, 03-05 март 2010 година

 

Во периодот од 03-05 март 2010 година, како дел од редовните инспекции на Канцеларијата за безбедност на НАТО врз работата на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, во посета на Република Македонија престојуваа г-дин Роберт Кајл и г-дин Јозеф Холубик, претставници на НАТО Канцеларијата за безбедност (NOS), како дел од МАП тимот од НАТО кој вршеше оценка на подготовките на Република Македонија за членство во НАТО. По извршената инспекција во сите домени на работата на Дирекцијата, претставниците на NOS дадоа високи оценки за истата, како и за напорите што ги вложува Дирекцијата за нејзино унапредување.

Инспекција на регистрите во Брисел и Монс

Белгија, декември 2009 година

 

Во декември 2009 година беше извршена редовна инспекција на регистрите за класифицирани информации на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации лоцирани во Мисите на Република Македонија при НАТО и ЕЗ во Брисел и во Врховната команда на НАТО (SHAPE) во Монс.

Инспекција од НАТО

Скопје, 27-30 април 2009 година

 

Како дел од редовните инспекции на Канцеларијата за безбедност на НАТО врз работата на ДБКИ, во периодот од 27 до 30 април 2009 година, во посета на Република Македонија престојуваше г-дин Роберт Кајл, претставник на НАТО Канцеларијата за безбедност (НОС), како дел од МАП тимот од НАТО кој вршеше оценка на подготовките на Република Македонија за членство во НАТО. Инспекцијата заврши со високи оценки за постигнатиот напредок на Дирекцијата.

Контрола во Фондот за осигурување на депозити

Скопје, февруари 2009 година

 

Во февруари 2009 година, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации изврши контрола на условите за работа со класифицирани информации во Фондот за осигурување на депозити, како и кратка обука на лицата што работат со класифицирани информации.

Syndicate content