Цирих, 11-15 септември 2023 година
Во периодот од 11-15 септември 2023 година, претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на 37-тата годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG) што се одржа во Цирих, Швајцарија. На конференцијата присуствуваа претставници на националните безбедносни авторитети на триесет и седум земји и претставници на НАТО, на Европската Комисија, на Европската вселенска агенција (ESA), на Европската одбранбена агенција (EDA) и на Организацијата за заедничка соработка во вооружувањето (OCCAR). На конференцијата учествуваше и делегација на Сингапур во улога на аспирант за членство во MISWG.
Фокусот на конференцијата беше ставен на реализираните активности во рамките на форумот, на размената на искуствата и знаењата меѓу учесниците во однос на примената на стандардите и развојните процеси од областа на индустриската безбедност, како и на следните чекори што ќе бидат преземени во насока на унапредување на меѓусебната соработка и зајакнување на форумот.