Брисел, 23 ноември 2017 година
На 23 ноември 2017 година во Седиштето на НАТО во Брисел, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со директорот на НАТО Канцеларијата за безбедност, г-ѓа Венди Башнан, којашто покрај менаџирањето на Канцеларијата има функција и на главен советник на Генералниот секретар на НАТО за безбедносни прашања и на Претседавачот со Воениот комитет на НАТО и претседава со комитети на високо ниво. На средбата беше разговарано за тековните активности на Дирекцијата и беа разменети мислења за можностите за поблиска соработка меѓу двете служби. Притоа беше повторена и акцентирана поддршката на НАТО за напорите на Република Македонија во рамките на евроинтеграциските процеси, а со тоа и на работата на Дирекцијата којашто придонесува за остварување на зацртаните цели на Владата во таа насока.