Втора конференција на раководителите на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна ЕвропаБрдо, 7-9 мај 2012 година
Во периодот од 7 до 9 мај 2012 година во Република Словенија, на Брдо, се одржа Втората конференција на раководителите на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA). На конференцијата учествуваа раководителите на националните безбедносни авторитети од Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Бугарија, Косово, Република Македонија, Република Молдавија, Романија, Република Словенија, Република Србија, Република Хрватска и Република Црна Гора, како и генералниот секретар на Советот за регионална соработка на ЕУ (RCC), г. Хидо Бишевиќ, заменик-директорот на Генералниот секретаријат на Советот на ЕУ, г. Дејвид Галовеј и директорот на Канцеларијата за безбедност на НАТО (NOS), г. Стивен Смит. На конференцијата присуствуваа и претставници на Кралството Велика Британија, на Република Естонија, на Кралството Луксембург, на Република Полска, на Унгарија, на Чешката Република и на Кралството Шпанија, коишто беа поканети од страна на домаќинот којшто со одржувањето на SEENSA конференцијата ја одбележа и десетгодишнината од своето постоење. SEENSA форумот е од големо значење за регионалната соработка на земјите од Југоисточна Европа бидејќи Европа преку овој форум нуди широки можности за унапредување на меѓусебната соработка и разбирањето меѓу националните безбедносни авторитети. |