Која е постапката за издавање безбедносен сертификат на правни лица?
Во Законот за безбедност на класифицирани информации и во Уредбата за индустриска безбедност се предвидени и се дефинирани постапката и потребните документи кои правното лице треба да ги обезбеди и да ги достави со цел да се отпочне постапката за издавање безбедносен сертификат за правното лице. За правните лица учесници во постапки за јавни набавки кои се класифицирани, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации може да се побара издавање соодветни безбедносни сертификати доколку тоа е услов за аплицирање на тендерот и/или правното лице е влезено во најтесниот избор за најповолен понудувач. Издавањето на безбедносниот сертификат за правното лице опфаќа спроведување постапка за утврдување исполнетост на условите од член 39 од Законот за класифицирани информации. Тоа значи дека се утврдува можноста за издавање соодветен безбедносен сертификат за физичките лица во правното лице, како што се сопствениците на компанијата, менаџерскиот тим и подготвеноста на правното лице да одговори на барањата на тендерот од аспект на безбедноста на класифицираните информации што се предмет на постапката за јавна набавка или се дел од нејзиното спроведување. Кон барањето за издавање безбедносен сертификат за правното лице потребно е да се достават барање и документи за издавање безбедносни сертификати и за менаџерскиот тим и за другите физички лица вработени во фирмата, а кои ќе учествуваат во реализацијата на договорот. Постапката за издавање безбедносен сертификат за физичките лица е дадена во постапка за издавање безбедносен сертификат на лица вработени во фирми. Во барањето за издавање безбедносен сертификат правното лице треба да одреди овластено лице кое ќе биде одговорно за ефикасно и координирано извршување на правата и обврските кои се однесуваат на класифицираните информации, да ги наведе основните црти на содржината на договорот, планот на предвидените безбедносни мерки кои ќе се преземат во врска со заштитата на класифицираните информации и степенот на нивната класификација. Во барањето се наведува и рокот во кој се очекува да биде реализиран договорот, како и потпишана согласност од раководното лице (директорот) во фирмата со којашто се согласува да бидат проверени дадените податоци за фирмата. За правното лице не е предвидено пополнување безбедносен прашалник. Во оваа смисла, кон барањето за издавање безбедносен сертификат, правното лице задолжително доставува:
Во зависност од содржината на класифицираниот договор, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е овластена да утврди дали правното лице треба да ги исполнува и другите услови за заштита на класифицираните информации од аспект на:
коишто се утврдени во: Уредбата за физичка безбедност, Уредбата за информатичка безбедност и Уредбата за административна безбедност. Доколку правното лице ги исполнува сите услови за безбедност на класифицираните информации, што ќе се утврди по севкупно извршените безбедносни проверки, Дирекцијата ќе издаде безбедносен сертификат со рок на важење согласно член 52 од Законот за класифицирани информации. |