Акредитација на комуникациско-информацискиот систем на Заштитената соба на Собранието на Република Северна МакедонијаСкопје, 21 oктомври 2024 година
На ден 21.10.2024 година во Собранието на Република Северна Македонија беше пуштена во употреба Заштитената соба со примена на најдобрите практики на управување со безбедносниот сектор кој ќе обезбедува приспособливост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето.
Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации која учествуваше од самиот почеток на проектот изврши акредитација на комуникациско-информацискиот систем на заштитената соба со што се финализираше постапката за нејзино пуштање во употреба применувајќи ги највисоките безбедносни стандарди во земјата за заштита на класифицираните информации.
Воспоставувањето на заштитената просторија е резултат на стратешко партнерство помеѓу Собранието на Македонија и ДЦАФ – Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор кој ја унапредува надзорната улога на Собранието во зајакнување на демократското владеење и обезбедување сеопфатни механизми за одговорност во безбедносната рамка на Република Северна Македонија.
На промоцијата на заштитената просторија во Собранието, покрај претседателот на парламентот, Африм Гаши, Владо Ѓердовски, раководител, ДЦАФ – Скопје, пратениците на Собранието, партнерите и гостите, беше присутен и в.д директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации г. Стојан Славески кој имаше свое обраќање пред присутните.
|