Годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG)


Тирана, 15-19 септември 2024 година

Во периодот од 15-19 септември 2024 година, претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации учествуваа на 38-тата годишна конференција на Мултинационалната работна група за индустриска безбедност (MISWG) што се одржа во Тирана, Република Албанија. На пленарната конференција, покрај делегатите на 38-те членки, вклучувајќи го и Сингапур кој за прв пат учествуваше на MISWG во улога на членка по формалното пристапување во февруари оваа година, учествуваа и делегати на меѓународните организации коишто имаат улога на набљудувачи на MISWG. На покана на домаќинот, на пленарната конференција учествуваше и Косовo во улога на гостин.

Во рамките на предвидената агенда беа реализирани повеќе активности, вклучувајќи презентации и панелни дискусии на прашања врзани за реформите во системите на класификација во некои од земјите членки, за спроведувањето на постапките за издавање на потребните сертификати за учество во класифицирани договори и овозможување предуслови за соработката меѓу индустриите на различните земји членки, како и за развојот и предизвиците од користењето на новите технологии.