Состанок со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО

Скопје, 11 февруари 2019 година

 

PictureПо покана на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, г. Стојан Славески, на 11.02.2019 година, во Дирекцијата се одржа средба со шефот на Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје, полковник Зоран Јанковиќ.
Целта на средбата беше запознавање и информирање на претставниците на Канцеларијата за врски на НАТО со моменталните активности на Дирекцијата, како и со плановите за реализација на приоритетните цели во претстојниот период. Притоа, осврнувајќи се на приоритетите и целите на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, директорот Славески истакна дека Предлогот на Закон за класифицирани информации е одобрен од страна на Владата и е во завршна фаза на донесување.
На средбата беше дискутирано за повеќе прашања од интерес на двете служби, при што акцент беше ставен на процесот за интеграција на земјата во НАТО и на реализацијата на активностите од Програмата за продолжување на реформите за членство во НАТО, во доменот на безбедносните прашања.