Средба со директорот за сигурност и безбедност на Советот на Европската Унија

Брисел, 3 јули 2018 година

 

PictureНа 3 јули 2018 година во Советот на Европската Унија во Брисел, директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, д-р Стојан Славески оствари средба со директорот на Директоратот за сигурност и безбедност, г-дин Морган Францис. На средбата беше разговорано за тековните активности на Дирекцијата и беа разменети мислења за зголемување на соработката помеѓу двете служби. Исто така, во однос на доделувањето на Република Македонија на датум за преговори за пристапување кон Европската Унија, беше разговарано и за безбедносните аранжмани помеѓу Европската Унија и Република Македонија склучени во 2005 година, во однос на нивно можно подобрување. Притоа беше повторена и акцентирана поддршката на ЕУ за напорите на Република Македонија во рамките на евроинтеграциските процеси и во однос на работата на Дирекцијата којашто придонесува за остварување на зацртаните цели на Владата во таа насока.