Состанок на MISWG AHWG 10

Рим, 19-20 февруари 2018 година

 

Петтиот состанок на Ad-hoc работната група на MISWG за Странска сопственост, контрола или влијание (Foreign Ownership, Control or Influence – FOCI), позната под името AHWG 10, се одржа на 19-20 февруари 2018 година во Рим, Италија. На состанокот учествуваа претставници на националните авторитети за индустриска безбедност од: Израел, САД, Канада, Белгија, Холандија, Италија, Македонија, Германија, Шпанија, Нов Зеланд, Финска, Франција и Велика Британија, како и од Албанија и Латвија за коишто ова беше прво учество на AHWG 10.
Агендата на состанокот вклучи поединечни излагања и презентации за националните FOCI состојби, како и општи дискусии по прашања поврзани со предизвиците во доменот на одбранбената индустрија и со активностите на работната група што треба да се реализираат до наредната MISWG конференција.