Посета на претставник од САД

Скопје, март 2009 година

 

По иницијатива на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (ДБКИ) за отпочнување преговори за потпишување билатерална спогодба за размена и заштита на класифицирани информации меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави, во март 2009 година, во дводневна официјална посета на Дирекцијата беше г-дин Питер Батен, директор на Одделот за меѓународни безбедносни програми во Канцеларијата на Потсекретарот за одбрана на САД за политика.

Обука

Брисел, март 2009 година

 

Во март 2009 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации извршија обука за работа со класифицирани информации на вработените во Мисијата на Република Македонија при НАТО во Брисел.

Брифинг во Основен суд - Гостивар

Скопје, февруари 2009 година

 

Во февруари 2009 година, како дел од редовните обврски, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации изврши брифирање на вработените во Основниот суд Гостивар.

Контрола во Фондот за осигурување на депозити

Скопје, февруари 2009 година

 

Во февруари 2009 година, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации изврши контрола на условите за работа со класифицирани информации во Фондот за осигурување на депозити, како и кратка обука на лицата што работат со класифицирани информации.

Работна посета

Брисел, јануари 2009 година

 

Во јануари 2009 година, претставници на Дирекцијата беа во работна посета на Советот на Европската унија во Брисел, на покана на Канцеларијата за безбедност на Советот.

Обука

Брисел, јануари 2009 година

 

Во јануари 2009 година, претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации извршија обука за работа со класифицирани информации на вработените во Мисијата на Република Македонија при Европската заедница во Брисел.

Контрола и обука во Финансиска полиција

Скопје, јануари 2009 година

 

Во јануари 2009 година, Дирекцијата изврши контрола на условите за работа со класифицирани информации во Финансиската полиција, како и обука на вработените за работа со класифицирани информации.

Издадени безбедносни сертификати во 2008 година

Скопје, декември 2008 година

 

Во 2008 година Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за лица вработени во државните органи и институции издаде вкупно 4868 безбедносни сертификати, од кои национални - 3144; НАТО - 928 и ЕУ – 796. Воедно, Дирекцијата издаде и 17 дозволи за пристап до национални класифицирани информации за 37 странски државјани.

Од областа на индустриската безбедност Дирекцијата издаде 300 национални безбедносни сертификати.

ДБКИ во НАТО

Скопје, декември 2008 година

 

Како носител на дел од Акциониот план за членство во НАТО во делот што се однесува на безбедносните прашања, Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации има ангажмани во тела за интеграции во НАТО, како што е Комитетот за НАТО интеграции.

Претставници на Дирекцијата земаат активно учество и во работата на Работната група за надворешна безбедносна и одбранбена политика под раководство на Секторот за европски прашања, со особен ангажман во изработката на Глава 31 од НПАА.

Проекти

Скопје, декември 2008 година

 

Во текот на 2008 година претставници на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации зедоа активно учество во реализацијата на бројни активности за имплементација на национални стратегии и меѓуинституционални проекти.

Од нив, позначајни се активностите сврзани со:

Syndicate content