Тринаесетта конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA)

Охрид, 28 август 2023 година

 

Picture
На 28 август 2023 година во Охрид се одржа 13-тата конференција на националните безбедносни авторитети на земјите од Југоисточна Европа (SEENSA) која што беше организирана во рамките на претседавањето на Националниот безбедносен авторитет на Црна Гора со SEENSA со поддршка на Регионалниот совет за соработка (РСС). Конференцијата, на којашто Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации имаше улога на домаќин, се одржа на маргините на безбедносниот форум организиран од Алумни-асоцијацијата на Центарот „Џорџ Маршал“ од Република Северна Македонија којшто се одржа во Охрид, во периодот од 26 до 28 август 2023 година.
Покрај претставниците на националните безбедносни авторитети на ко-претседавачите, Црна Гора и РСС, и домаќинот, Северна Македонија, на конференцијата учество земаа и делегации од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција и Србија.
Дискусијата на конференцијата беше фокусирана на тековните активности на националните безбедносни авторитети на земјите учеснички и на облиците на нивната натамошна соработка во насока на одржување и натамошно зајакнување на SEENSA иницијативата како уникатна платформа и практична алатка за соработка на полето на безбедноста и заштитата на класифицираните информации во регионот.