Потпишан Меморандум за соработка со Комората за приватно обезбедување | Дирекција за безбедност на класифицирани информации

Потпишан Меморандум за соработка со Комората за приватно обезбедување

Скопје, 13 јуни 2018 година

 

PictureДиректорот Дирекција за безбедност на класифицирани информации, Стојан Славески, потпишa меморандум за соработка со претседателката на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување, м-р Верица Милеска Стефановска. По повод воспоставување на соработката, во оваа прилика претставници од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации одржаа стручни предавања на тема: „Безбедносни проверки за правни и физички лица“ и „Физичка безбедност на објекти наменети за заштита на класифицираните информации“ кои ќе претставуваат значајни аспекти од областа на безбедност на класифицирани податоци поврзани со работењето на приватното обезбедување.