Што е класифицирана информација?

 

Класифицирана информација е информација којашто се заштитува од неовластен пристап или употреба и којашто се определува со степен на класификација.

„Информација од интерес за Република Македонија“ е секоја информација или материјал изготвен од државните органи, орган на единицата на локалната самоуправа, јавно претпријатие, јавна установа и служба, правно и физичко лице, како и странски лица, којшто се однесува на безбедноста и одбраната на државата, нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, уставниот поредок, јавниот интерес, слободите и правата на човекот и граѓанинот.