Скопје, 21 декември 2021 година
На 21 декември 2021 година во Скопје беше потпишан Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Соединетите Американски Држави за безбедносните мерки за заштита на класифицирани информации.
Во име на Владата на Република Северна Македонија Договорот го потпиша министерот за надворешни работи Бујар Османи, а во име на Владата на Соединетите Американски Држави, Договорот го потпиша амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Скопје, Кејт Мери Брнз.
Со овој договор се регулира начинот на размената на класифицирани информации во областите на надворешните работи, одбраната, безбедноста, владеење на правото, науката, индустријата и технологијата, при што се утврдуваат потребните мерки и процедури за нивна заштита.