![]()
Почитувани корисници!
Од технички причини поради надградба во моментот Електронскиот систем за обука на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации (lms.nsa.gov.mk) е недостапен!
За повеќе информации ве молиме обратете се до Офицерот за безбедност на класифицирани информации во вашата институција/организација.
Согласно член 69 став 2 алинеја 10 од Законот за класифицирани информации(*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19), Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации е надлежна за организирање и спроведување обуки за безбедност на класифицирани информации. Следејќи ги искуствата на националните безбедносни авторитети на други држави членки на НАТО и современите текови во областа на едукацијата и развојот на информатичката технологија, Дирекцијата воведе електронски систем за обука за Законот за класифицирани информации(*).
До електронскиот систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации можете да пристапите преку следниов линк:
Електронски систем за учење на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации [ЕСО на ДБКИ]